|
|
|
|
|
|
![]() |
|
|
|
|
|
Идеата за формирање на Хуманитарно и добротворно здружение на
Ромите “КХАМ”-Делчево (во понатамошниот текст ХДЗР “КХАМ”), како
невладина, неполитичка и непрофитна организација, е зачната пред
повеќе од шест години. Нашето здружение егзистира под името
“КХАМ” од 20. 03. 1999 год. Уште на почетокот имавме јасна
визија за тоа, што всушност ќе биде целта на организацијата.
Денес имаме добра стратегија и успешен тим. Во собранието на
здружението членуваат 20 активни членови (вклучувајќи го тука и
женскиот сектор) и околу150 членови од различна
националност
(Роми, Македонци) заклучно со ограноците во општините (Кочани,
Виница, Пехчево, с. Црник и Берово). Зад нас стојат 40 проекти
од кои сите се успешно реализирани, а дел (7) се во тек и
нивната реализација се движи во позитивна насока. Проектите се
насочени главно кон интегрирање на ромската популација во сите
сфери на општественото
живеење. -Зекир Абдулов
|
|
|
|
|
| © Copyright 2006 KHAM | |