Визија
Здружението на граѓани НВО „КХАМ“ од Делчево е невладина, непартиска и непрофитабилна организација, формирана со слободно здружување на граѓаните, заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања, како и заради вршење на дејности и активности за подигање на образовното ниво и подобрување на социоекономската состојба на маргинализирните групи, промоција и развој на граѓанско општество и демократија.Седиштетот на НВО „КХАМ“- Делчево е во Делчево.
НВО „КХАМ“ - Делчево се организира и делува на подрачјето на општина Делчево и пошироко во територијата на Р. Македонија со посебен акцент на Источниот регион во државата.
Мисија
НВО „КХАМ“ од Делчево е активен чинител кој придонесува околу развојот на граѓанското општество и демократија како и институционалениот пристап и интеграција на ромската популација и останатите маргинализирани групи во сите свери на општественото живеење.
НВО „КХАМ“ од Делчево е невладина, непартиска и непрофитабилна организација формирана со слободно здужување на група граѓани заради подигање на образовното ниво и подобрување на социо економската положба на маргинализираните групи како и јакнење на капацитетите на НВОии во Источно Брегалничкиот регион.
Цели
- Искористување на сите можности и потенцијали на организацијата како и развивање на форми за лобирање и застапување за развој на демократија, граѓанско општество и човековите права
- Операционализација и институционализација на локалните и националните Акциони планови од Декадата на ромите 2005-2015 год.
- Социјална кохезија и намалување на сиромаштијата
- Развој и унапредување на добротворставото и волонтерството
- Подобрување на имиџот и развивање на позитивна слика за Невладиниот сектор во државата
- Кроссекторска и меѓугранична соработка како и подршка на евроинтеграциските процеси
Статут
Историја
НВО "КХАМ" од Делчево е невладина, непартиска и непрофитабилна организација основана на 20.03.1999 год. со слободно здружување на група граѓани - Роми чија оснвна цел беше остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања, како и заради вршење на дејности и активности за подобрување и унапредување на образованието кај младите Роми, подобрување на нивната социјалната положба и нивно вклучување во сите општествено -економски текови во државата.
На самиот почеток организацијата броеше 20 членови од кои 9 членови беа нејзини основачи а останатите беа членови на Собрание на здружението.
Освен Собранието како највиско тело во здружението беа воспоставени уште неколку органи и тела и тоа: Извршен одбор составен од 7 члена, надзорна комисија составна од 5 член како и Суд на честа составен од 3 члена, сите избрани од составот на Собранието на здружението.
Беше воспоставена Стручна служба со која раководеше секретар, благајник, како и програмски координатори.
Од редовите на Собранието на здружението беше избран претседател кој беше и претседател на Извршниот одбор а во негово отсуство требаше да го заменува потпреседателот.
Набргу по основањето организацијата мораше да го ревидира своето членство и да изврши свое преструктуирање при што на закажан состанок на Собрание беа променети секретарот, претседателот, потпретседателот и благајникот на здружението а беа заменети и неколу членови на организацијата. Беа вклучени и членови од други националности (македонци и турци) при што членството беше проширено на околу педесетина членови и подржувачи за да овој број подоцна прерасне во 150 членови (вклучувајќи ги тука и нашите ограноци од соседните општини).
По консолидирањето на своите редови, дел од членството почна да посетуваат редовни обуки при што се стекнаа со првични искуства во невладиното работење.
Првиот период од своето работење КХАМ се справуваше со основни елементарни потреби на ромската популација во Делчево за да во наредниот период (после една година) отпочне со спроведување на помали проекти кои беа во интерес на посочената целна група.
Во периодот од 2000 до 2002 година, здружението претрпе уште една промена во делот на своите активни членови кои од оправдани причини (друг работен ангажман и сл.) мораа да заминат а беше ревидирана и Мисијата на организацијата односно беше проширена со уште еден дел (останати маргинализирани групи) и истата гласеше : КХАМ е невладина, непартиска и непрофитбилна организација која работи во подигање на образовното ниво и подобрување на социо - економската положба на ромската популација и останатите маргинализирани групи во соработка со домашни и странски организации и институции.
Од 2002 година до 2005 година врз основа на своја воспоставена Стратегија, КХАМ откако ги постави своите приоритети изврши секторска поделеност и пренесување на надлежностите посебно во делот на финасиското работење.
Беа воспоставени 6 сектори и тоа: Образовани, граѓанско општесто и демократија, млади, жени, бесплатна правна помош и социјала и вработување.
Беа регистрирани и четири ограноци и тоа во општините: Берово, Пехчево, Виница и с. Црник кои подоцна со наша финасиска и материјална помош се пререгистрирани во самостојни НВОи со кои понатаму развиваме добра соработка.
Во периодот 2006-2007 год. горенаведените ограници беа пререгистрирани во самостојни организации со проект финасиска подршка од Американска амбасада -Скопје. Истите организации беа опремени и се здобија со циклус на потребни обуки.
Со понатамошниот раст и развој на организацијата беше испоставена потреба од пререгистрирње и преструктуирање на организацијата. Овој процес беше забрзан и со законот за Здруженијана и фондации со кој сите зруженија беа обвзани да се пререгистрират до март 2011 год. Од горенаведените причини НВО „КХАМ“ од Делчево на почетокот на февруари 2011 год. на закажано собрание беше извршено преструктуирање на организацијата. Беа донесени повеке клучни одлуки меѓу кои: воспоставен нов Уравен и Надзорен орган од искучиво надворешни лица пред се познавачи и поддржувачи на работата на НВО „КХАМ“-Делчево, беше донесена одлука за прим на нови членови, беше ревдирана Стратегијата на органиацијата, изгласан е нов претседател на Собранието и извршен директор, префиксот ХДЗР е заменет со НВО и други клучни одлуки со кои организацијата беше прилагодена на новите општествено економски текови.
Во досегашното свое работење КХАМ има реализирано повеке од 56 проекти од кои повекето се однесуваат на образованието и преквалификација кај ромската популација, бесплатна правна помош и советување, проекти за јакнење на граѓанското општество и демократија како и инфраструктурини проекти во интерес на нашата целна група.
Проектите од областа на женските права и младински прашања.повторно остануваат наш нареден приоритет.